Рецепти
Панама торта Ана Ристеска

Превкусна торта со ореви, кафе и рум која е одлична за секаква пригода

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце((за пандишпан) 7 )

Шеќер((за пандишпан) 150 Грама)

Какао((за пандишпан) 60 Грама)

Мелени ореви((за пандишпан) 150 Грама)

Лебни трошки((за пандишпан) 50 Грама)

Путер(150 Грама)

Јајце(1 )

Шеќер во прав(150 Грама)

Црно чоколадо(70 Грама)

Ванилин шеќер(1 )

Варено кафе(100 Милилитри)

Рум(50 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Јајцата ги кршиме и ги двоиме жолчките од белките.
  2. Во сад за матење со миксер ги матиме жолчките и половината од шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот.
  3. Со миксер ги матиме белките и преостанатиот шеќер. Изматените белки ги додаваме во садот за матење и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  4. Какаото и лебните трошки ги додаваме во садот  со 150 г мелени ореви и мешаме со лажица. Оревите, какаото и лебните трошки ги додаваме во садот за матење и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  5. Во подмачкан калап за печење го истураме тестото за пандишпанот. Калапот го ставаме во рерна и печеме 30 минути на 200 степени.
  6. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме да се топи на пареа. Мешаме со лажица за чоколадата побрзо да се растопи.
  7. Садот со растопената чоколада го тргаме од оган.
  8. Во сад за матење со миксер го матиме путерот, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Во садот за матење го додаваме јајцето и вареното кафе. Откако смесата ќе се соедини го исклучуваме миксерот. Потоа во садот за матење ја додаваме изладената растопена чоколада и повторно матиме со миксер додека смесата не се соедини.
  9. Испечениот пандишпан го сечеме на два еднакви дела. Двете кори ги попрскуваме со рум. Ја филуваме првата кора. Врз филот ја нанесуваме втората кора од пандишпанот. Потоа со фил ја премачкуваме цела торта.
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Пилешка тава со сланина
Сусам топчиња
Динстано месо со печурки
Рибја чорба од ослич
Пилешко со лимон
Потпечена зелка со наут
Крем салата со колбаси
Триаголници со јаболки и ореви
Рум касато
Корнфлекс пита
Пилешка мусака со сос од рузмарин
Солен куглов со шунка
Колач со три слоја
Пита масленица
Брза салата од брокула
Свинско со свежи буковки
Јагнешко печено со пиво
Риба полнета со праз (посно)
Обланди со бисквити и чоколадо
Коцки со какао
Солени бомбици со маслинки
Чоколадни урми
Бела салата
Полнет крап во рерна
Коцки од гриз и праз
Пита со месо и ајвар
Погача со кулен

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: