Рецепти
Панцероти од чоколадо Ана Ѓорова

Полнети чоколадни панцероти – десерт погоден за љубителите на чоколадниот вкус

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(200 г за тестото )

Кафеав шеќер(100 г за тестото )

Жолчка од јајце(1 за тестото )

Путер(120 г за тестото )

Какао(20 г за тестото )

Бело чоколадо(50 г за филот )

Лешник(120 г за филот )

Слатка павлака(2 лажици за филот )

Шеќер во прав

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Путерот и шеќерот изматете ги со миксер пенасто.
  2. Потоа додајте ја жолчката и брашното измешано со какао.
  3. Соединете ги состојките и оставете ја смесата да отстои половина час.
  4. Во тенџере на пареа растопете го белото чоколадо со слатката павлака.
  5. Тргнете од оган откако чоколадото ќе се растопи, па измешајте ги сечканите и потпечени лешници.
  6. Тестото расукајте го и сечете кругови со дијаметар 10 см.
  7. Во центарот на секој круг ставете лажица од филот, преклопете го кругот како полумесечина и прицврстете го добро на краевите.
  8. Распоредете ги панцеротите во плех врз хартија за печење и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 12-15 минути.
  9. Оставете ги да се оладат, па поросете ги со шеќер во прав.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: