Рецепти
Пастрмајлија kostadinova

Ммм највкусните пастрмајлии 🙂

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


5 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 Килограм)

Свинска кртина(1 Килограм)

Квасец(1 )

Сол

Масло

ПОДГОТОВКА

 

Овој рецепт се подготвува за помалку од 70 минути

  1. Во сад за матење го ставаме целото количество брашно. Брашното го посолуваме по вкус. На брашното му го додаваме претходно растопениот квасец. Тестото го матиме со електричен миксер но најголема брзина. Во текот на матењето повремено додаваме околу 2дл вода. Подоцна додаваме и околу 1дл масло за јадење, со што го подобруваме вкусот на тестото и побрзо расне. По матење од околу 10 минути го оставаме тестото да нарасне 30 минути.
  2. Тестото е веќе стасано. Го вадиме од садот. На рамна подлога сипуваме малку брашно и го месиме со раце. Подлогата постојано ја посипуваме со брашно за да тестото не ни се лепи и да го добие потребното количество од истото. Со месењето прекинуваме во оној момент кога тестото ќе ја добие потребната мекост. Откако тоа го постигнавме со нож го сечеме на парчиња. Парчињата се со големина колку што ни е потребно за да го развлечеме тестото и да ја добиеме поскауваната формма на пастрмајлијата. Парчињата ги правиме во топчеста форма и убаво ги месиме со рака постојано посипувајќи ги со брашно.
  3. Земаме обична тава која ја премачкуваме со путер по целата нејзина површина. Во неа ги ставаме топките тесто и ги покриваме со крпа чекајќи да нараснат. Тоа се некаде околу 15-20 минути.
  4. Во друга тава претходно премачкана со путер ги ставаме топките тесто кои со рака ги развлекуваме. Стандардната форма на тестото за пастрмајлија е приближно елипсовидна. Треба да внимаваме на краевите од тестото. Тие треба да бидат здебелени, со што се остава простор каде што ќе го сместиме месото. Во текот на формирањето на тестото, потопувајте ги прстите во вода за да истото не ви се лепи.
  5. Претходно остоеното месо го исецкавме на парчиња со мала големина и го ставаме во количество по желба. Треба да внимаваме месото да не го ставаме едно преку друго. Вака подготвените пастрмајлии ги оставаме да отстојат 5-6 минути. Истото постапка ја правиме и со преостанатите две теста.
  6. Земаме една половина маргарин и го сечеме на крупни парчиња кои подоцна ќе ги ставиме врз пастрмајлиите.
  7. Ја загреваме рерната на температура од 200 степени целзиусови.
  8. Пред да ги ставиме тавите да се печат, на секоја пастрмајлија ставаме по неколку парчиња од маргаринот.
  9. Време на печење околу 20-тина минути. Пастрмајлиите се готови. Краевите повторно ги премачкуваме со маргарин за да омекнат.

 

Баклава со јаболки
Лут зелник
Расолница
Колач со рогач
Лепчиња со лук и магдонос
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Мариниран ослиќ (посно)
Салата со компири и туна
Јагнешка чорба
Солени бомбици од сирење
Салата со урда и праз
Тава со карфиол и месо
Таан баклава
Печен ролат од свинско каре
Чорба од крап
Јагнешка чорба
Боранија со пилешко месо
Чорба од грав и чадена сланина
Крем бомбици
Гужвана баклава
Крем салата од пиперки и модри патлиџани
Зимница од везени пиперки
Јагнешко со бамји
Свечена слоевита салата
Шербет пита со јаболки
Бајадера со костени
Пита со фил од компир (посно)
Тава ориз на кочански начин
Телешка чорба

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: