Рецепти
Печен ролат од свинско каре
Вкусно полнето свинско печено во сос од зеленчук. Пријатно јадење!
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ТешкоСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Свинско каре(1 и пол кг )
Кромид(2 Главици)
Јаболко(2 )
Зелена пиперка(1 )
Домат(1 )
Морков(2 )
Лебни трошки(6 Супени лажици)
Целер(1/2 корен и 4 рачки )
Лимон(1 )
Свежа мајчина душица(1/2 врзоп )
Лук(4 Чешниња)
Сок од јаболко(250 Милилитри)
Бело вино(100 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 150 минути
- Свинското каре засечете го на повеќе места, зачинете го со сол и бибер и свиткајте го во ролат, оставајќи го да ги впие зачините.
- Коцката за супа сварете ја во зовриена вода во тенџере на оган.
- Една главица кромид пржете ја на загреано маслиново масло во тава на оган, па кога ќе омекне додајте ги сечканите рачки од целер, 2 чешниња ситно сечкан лук и излупените и на коцки исечкани јаболки. Покријте со капак и динстајте.
- Откако јаболките во тавата ќе омекнат, додајте 2/3 од мешавина од сечкан магдонос, мајчина душичка и рендана кора од лимон.
- Зачинете и со сол и бибер по вкус, промешајте и тргнете ја тавата од оган.
- Додајте 1 црпалка од супата, 30 мл вино и лебните трошки.
- Измешајте го филот и нанесете го врз одвитканото свинско каре, па повторно свиткајте во ролат и зацврстете го со готварски конец.
- Зачинете го ролатот од сите страни со сол и бибер, па извалкајте го во преостанатата мешавина од мајчина душичка, магдонос и кора од лимон.
- Преостанатиот кромид и 2 чешниња лук ситно исечкајте ги и ставете ги во керамичка тава, па додајте сечкани моркови, корен од целер, домат и сечкана пиперка на ситно.
- Врз зеленчукот во тавата додајте го ролатот.
- Додајте ги преостанатата супа, сокот од јаболко и преостанатото вино, попрскајте го ролатот со маслиново масло и тавата затворете ја со алуминиумска фолија.
- Печете 2 часа во рерна на 200 степени.
- На печениот ролат извадете му го готварскиот конец, зеленчукот и течноста од тавата измиксирајте ги во блендер, па прелијте ги врз ролатот и послужете го.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во