Рецепти
Печена скуша со кромид Ана Ѓорова

Печена скуша со сос од кромид и сос од лимон

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Скуша(12 многу мали или 6 средно големи )

Масло(2 лажици + 50 милилитри )

Ловоров лист(6-12 )

Сол

Бибер

Кромид(4 мали главици )

Сечкан магдонос(60 Грама)

Свеж сок од лимон(5 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Загрејте ја скарата.
  2. Посолете ги рибите, оставајќи ги цели. Ставете ги врз намастена решетка за скара, прекријте ги со ловоровите листови и печете ги 10-15 минути.
  3. Потоа решетките со рибите ставете ги под скарата и печете ги уште 5-10 минути за да се испече и долниот дел. *Ако користите електрична скара, испечете го горниот дел од рибите, исклучете ја скарата, загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги рибите 5-10 минути.
  4. Во меѓувреме подгответе го првиот сос: излупете 4 мали главици кромид и исечете ги по должина на два дела. Секој дел ставете го на даска за сечење и исечете го на многу тенки стапчиња.
  5. Ставете го кромидот во сад со 2 лажици сол и добро гмечете го со рацете.
  6. Потоа измијте го неколку пати со ладна вода, па цедете го со раката додека не се исуши. Ставете го во мала чинија и измешајте го со 30 грама од сечканиот магдонос.
  7. Подгответе го вториот сос: ставете 50 мл масло во еден сад, додајте 50 мл лимонов сол, сол и бибер. Измиксирајте ја смесата со миксер или во блендер. Додајте 30 грама сечкан магдонос и пак измешајте.
  8. Сервирајте ги рибите со сосот од кромид и со сосот од лимон.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: