Рецепти
Печени палачинки со риба
Домашни палачинки во рерна со фил од риба, павлака и сирење
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(120 Грама)
Јајце(2 )
Жолчка од јајце(1 )
Млеко(2 Децилитри)
Речна риба(300 Грама)
Кравјо сирење(500 Грама)
Кисела павлака(1 Чаша)
Путер(70 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути
- Јајцата се матат со жолчката, малку млеко и брашно, па постепено се додаваат преостанатите млеко и брашно. На крај се додава 30 грама растопен путер и сол по вкус.
- Смесата се остава да отстои 30 минути, па повторно се меша и по потреба се разредува со малку вода.
- Во меѓувреме сирењето се цеди, се гмечи со вилушка, па му се додава 40 грама растопен путер, павлака, рибата исечена на коцки, сол и растителните мирудии.
- Палачинките се пржат од двете страни додека добијат убава боја, па се филуваат, се превиткуваат и се редат во огноотпорен сад намачкан со путер.
- Палачинките се печат во загреана рерна на 200°C, околу 20 минути и се сервираат топли.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во