Рецепти
Пилешки дроб со праз
Гурмански ручек за вистинските љубители. Послужете го со чаша црвено вино и уживајте.
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пилешки џигер(500 Грама)
Сува везена црвена пиперка(10 )
Праз(2 страка )
Лук(1 Чешне)
Црвен пипер(1/2 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Пиперките исечете ги по должина и сварете ги во тенџере со зовриена вода на оган. Потоа исчистете ги од семките и дршките и измиксајте ги во блендер.
- Во друго тенџере со посолена вода посебно варете го пилешкиот дроб. Потоа исцедете го и исечкајте го на парчиња.
- Празот ситно исечкајте го и пржете го на загреано масло во тава на оган, а откако ќе омекне додајте ги пиперките, ситно сечканото чешне лук и зачинете со црвен пипер.
- Додајте ги и исечканите дропчиња, посолете, промешајте и динстајте 20 минути.
- Сервирајте го јадењето со варен ориз или со зеленчук.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во