Рецепти
Пита од јаболка Ана Ѓорова

Вкусна пита од јаболки како супер идеја за ужинка или десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јаболко(2 )

Шеќер(50 Грама)

Лимон(1 )

Путер(30 Грама)

Јајце(1 )

Нане лисја(2-3 )

Брашно(50 Грама)

Нишесте (пченкарен скроб)

Мед(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Јаболките ги лупиме, им ги отстрануваме семките и ги сечкаме на ситни парчиња.
  2. Во тава за печење ставаме 25 грама шеќер и вода и потоа префрлуваме на оган и вариме додека шеќерот не се растопи и се направи карамел.
  3. Ја тргаме тавата од оган и ги редиме парчињата јаболки. Ставаме во рерна и печеме 20тина минути на температура од 200°C. Потоа ги тргаме настрана да се оладат.
  4. На оган ставаме средна тава и го ставаме останатиот шеќер да се растопи. Постепено мешајте за да не загори шеќерот.
  5. Нишестето го разредуваме со малку вода и потоа го додаваме со растопениот шеќер во тавата. Додаваме и малку вода и оставаме да проврие. Додаваме и свежо исцеден сок од лимон и мешаме додека не се добие потребната густина. Потоа ја тргаме смесата од оган и оставаме настрана да се стегне.
  6. Во меѓувреме го подготвуваме тестото: брашното го истураме на работната маса, правиме вдлабнатина и во средина го ставаме путерот. Ги одвојуваме белката и жолчката од јајцето и само жолчката ја додаваме во средина на брашното. Во вдлабнатината додаваме малку вода и замесуваме тесто кое потоа го делиме на 2 дела.
  7. Од првиот дел расукуваме кора и ја сечеме во големина на чинија. Кората ја ставаме во намрсена тава со масло и ставаме во рерна да се пече 10тина минути на 175°C. Потоа испечената кора ја ставаме во тавата врз испечените јаболки, ја покриваме со чинија и ја превртуваме.
  8. Тавата и калапот во кој се печеа јаболките ги отстрануваме, а површината убаво ја мазниме со нож.
  9. Тавата со изладената смеса ја враќаме на оган и додаваме 1 лажица мед. Убаво промешуваме, тргаме од оган и со црпалка истураме врз чинијата за сервирање. Сечеме парче од питата со јаболка и го ставаме во чинијата. Наросете со цимет по желба и послужете со топка павлака.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: