Рецепти
Пита со јунешко и пилешко месо
Највкусна пита со која нема да погрешите!
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Готови кори(500 Грама)
Јунешко мелено месо(300 Грама)
Брашно(3 Супени лажици)
Кромид(1 Главица)
Кисело млеко(150 Милилитри)
Пилешки гради(200 Грама)
Јајце(2 )
Оцет(1/2 Супена лажица)
Лук(2 Чешниња)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути
- Главицата кромид се пржи на загреано масло во тава на оган, па откако ќе омекне се додава меленото месо да се запржи. Се зачинува со сол и бибер и се промешува.
- Во тенџере со зовриена вода на оган се става коцката за супа. Во супата се варат пилешките гради исечени на половина по должина.
- Свареното месо се вади од тенџерето и ситно се сечка.
- Во длабок сад се мешаат киселото млеко, оцетот, гмечениот лук, јајцата и брашното.
- Во правоаголна тава намастена со масло се радат три кори попрскани со масло, врз нив се нанесува половина од филот од мелено месо.
- Се прекриваат со три кори исто така попрскани со масло, па се нанесува фил од пилешкото месо и се ставаат три кори попрскани со масло.
- Повторно се редат три кори попрскани со масло, па се додава преостанатиот фил од мелено месо и се покрива со 3 кори.
- Питата се сече на коцки и се попрскува со масло, па се пече 40 минути на 220 степени.
- Питата се прелива со 200 мл пилешка супа и со преливот од кисело млеко, па се враќа да се допече уште 30 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во