Рецепти
Полнети конуси Ана Ѓорова

Декоративно печиво со фил по желба за вкусно предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 Килограм)

Квасец(2 коцки )

Прашок за печиво(1 )

Жолчка од јајце(2 )

Масло(3 мали филџани )

Шеќер(4 Супени лажици)

Сол(1 и пол лажичка )

Млеко(1/2 Литар)

Урда(1/2 Килограм)

Кисела павлака(2 )

Рендан кашкавал(100 Грама)

Печеница(200 Грама)

Сечкан магдонос(2 Супени лажици)

Краставица(1/4 )

Сечкани ореви(50 Грама)

Лук

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Се замесува тесто од брашното, квасецот, печивото, жолчките, маслото, шеќерот, солта и млекото.
  2. Тестото се остава да стаса, па се расукува правоаголна кора која се сече на ленти од 1,5 см.
  3. Од потенок картон се формираат конуси, се обвиткуваат со алуминиумска фолија, па лентите тесто се мотаат околу калапите.

01

4. Се оремачкуваат со жолчка и се посипуваат со ленено семе, сусам или со ким.

5. Врз конусите се ставаат мали парченца путер и се ставаат во рерна да се печат на 225 степени додека заруменат.

6. Се оставаат да се оладат, па внимателно се отстрануваат картонските калапи.

7. За филот може да комбинирате урда, кашкавал, печеница (или остаток од печено месо), магдонос, краставица, ореви и малку лук. Или, рендан морков, зелка салата, кромид, месо и доматен сос. Конусите се полнат со филот и се декорираат по желба.

Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: