Рецепти
Солени ѓевреци (посно)
Феноменален и лесен појадок
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(400 Грама)
Вода(1 Литар)
Шеќер(1 Супена лажица)
Сол(2 Кафени лажици)
Квасец(1 Пакување)
Сода бикарбона(40 Грама)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути
- Квасецот се раствара во 250 милилитри млака вода со 1 лажица шеќер и 2 лажички сол.
- Брашното мешајте го постепено со растопениот квасец и замесете средно меко тесто, па оставете го да кисне околу половина час.
- Откако ќе стаса тестото, го делите на 10 еднакви топчиња и обликувате крукчиња.
- На страна во тенџере ставате 1 литар вода и ја оставате да проврие, па додавате едно ќесиче сода бикарбона и ги ставате ѓевречињата додека тие не испливаат на површината.
- Откако ќе завршите со сите ѓевречиња, ги редите во тава за печење и ги наросувате со сусам, сончоглед, ким или мак по желба.
- Печете на 180 степени околу дваесетина минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во