Рецепти
Ред Велвет торта со фил од кафе Ана Ѓорова

Подгответе ја оваа торта со форма на срце и изненадете ги најсаканите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Путер(115 Грама)

Брашно(300 Грама)

Какао(10 Грама)

Црвена прехранбена боја(30 Грама)

Јајце(2 )

Ванила стапче(1 )

Грчки јогурт(200 Грама)

Сол

Шеќер(340 Грама)

Сода бикарбона(4 Грама)

Кафе(30 грама немелени зрна )

Хопла(550 Грама)

Бело чоколадо(400 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути + неколку часа во фрижидер за кремот

Фил од кафе:

  1. Во едно тенџере на оган ставете 250 милилитри од хоплата или слатка павлака и зрната кафе. Гответе 10-тина минути, па потоа оставете настрана околу 1 час. По еден час, процедете ја течноста и фрлете ги зрната кафе.
  2. Во хоплата додајте 40 грама шеќер, ставете го тенџерето повторно на оган, додајте го исечканото бело чоколадо и мешајте на тивко додека да се растопи. Оставете да се олади.
  3. Остатокот од хоплата изматете го со миксер во цврст снег и измешајте ја со оладениот мус од кафе, покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер 3 часа (или подобро преку ноќ).

Тесто:

  1. Во еден сад пенасто со миксер изматете го омекнатиот путер со 150 грама шеќер.
  2. Едно по едно додавајте ги јајцата и матете, па додајте уште 150 г шеќер.
  3. Додајте ги какаото, семките од стапчето ванила (или ванилин шеќер), црвената прехрамбена боја. Додајте ги и брашното со сода бикарбоната и повторно со миксер изматете ја смесата додека убаво да се соедини.
  4. Во друг сад измешајте ги густиот, грчки јогурт и солта, па додајте ги во смесата. Мешајте со дрвена лажица.

Финална постапка:

  1. Намастете два калапа со форма на срце и со димензии од 20 см. Ставете ги врз плех со хартија за печење и претурете ја во нив смесата.
  2. Печете ги во рерна на 180 степени околу 25-30 минути. Оставете ги да се оладат.
  3. Кога целосно ќе се оладат, извадете ги од калапите. Преполовете го тестото во средината (да добиете 4 пандишпани).
  4. Филувајте го првиот пандишпан, па поклопете го со вториот пандишпан, па фил, па на крај четвртиот пандишпан.
  5. На крај филувајте ја цела торта на сите страни, декорирајте со готварски шприц и изрендајте бело чоколадо одозгора.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: