Рецепти
Ролат од обланди со портокал Ана Ѓорова

Непечен десерт од обланди со ореви, бисквити, чоколадо и арома на портокал

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Обланди(2 листови )

Млеко(2 Чаши)

Шеќер(14 Супени лажици)

Какао(3 Супени лажици)

Маргарин(150 Грама)

Портокал(1 )

Сечкани ореви

Мелени бисквити

Црно чоколадо(100 Грама)

Бело чоколадо(50 Грама)

Желе бомбони

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Обландите завиткајте ги во влажна крпа за да омекнат.
  2. Во меѓувреме пригответе го филот. Во тенџере на оган ставете ги млекото и шеќерот да зовријат. Во смесата додајте ги маргаринот, какаото, ренданата кора и сокот од портокалот.
  3. На крај додајте и сечкани ореви, па и мелени бисквити по потреба за да се згусне смесата.
  4. Омекнатите обланди одвиткајте ги од крпата и една по една филувајте ги со топол фил, а потоа со помош на крпата повторно завиткајте ги во ролна. Оставете ги настрана да се стврднат.
  5. Откако ќе се стврднат, обландите полијте ги со глазура од чоколадо (чоколадото го растопуваме со една мала коцка маргарин, малку масло и неколку лажички млеко), а одозгора наросете ги со бело изрендано чоколадо.
  6. Готовите обланди потоа исечете ги на коси парчиња, наредете ги на чинија и декорирајте ги со желе бонбони.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: