Рецепти
Ролат со кафе Ана Ѓорова

Брз, непечен десерт од кафе, чоколадо и ореви за љубителите на аромата на кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мелени бисквити(300 грама + 6 лажици )

Шеќер во прав(250 грама + 6 лажици )

Млеко(100 Милилитри)

Мелени ореви(100 грама + 6 лажици )

Мармалад од сливи(150 Грама)

Рум(4 Супени лажици)

Црно чоколадо(50 Грама)

Маргарин(250 Грама)

Сечкани ореви(6 Супени лажици)

Варено кафе(6 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Кора: во тенџере на оган го ставаме чоколадото искршено на парчиња за да се растопи.
  2. Во поголем длабок сад ставаме 300 г мелени бисквити, 250 г од шеќерот во прав и 100 г од мелените ореви, па ги мешаме со лажица.
  3. Ги додаваме растопеното чоколадо, мармаладот, румот и млекото, па ги месиме состојките со рака додека се соединат.
  4. Фил: во сад за матење со миксер ги матиме маргаринот, 6 лажици шеќер во прав, кафето, 6 лажици мелени бисквити, 6 лажици мелени и 6 лажици сечкани ореви додека филот се соедини.
  5. Смесата од длабокиот сад ја ставаме во намрсено тавче и со раце ја расплескуваме формирајќи правоаголна кора.
  6. Врз кората го нанесуваме филот и со помош на фолијата виткаме ролат, па го ставаме во фрижидер.
  7. Изладениот и стегнат колач го сечеме на париња и послужуваме.
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: