Рецепти
Ролат со кокос
Вкусен десерт што е одличен за по ручекот со шолја кафе
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Мелени бисквити(250 Грама)
Шеќер во прав(500 Грама)
Какао(1-2 Супени лажици)
Млеко(2-3 Чаши)
Кокос(250 Грама)
Жолчка од јајце(2 )
Маргарин(150 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Бисквитите се мелат и се ставаат заедно со 250 шеќер во прав и какаото во сад.
- Потоа постепено се додава млекото (прво додајте 2 чаши, а доколку смесата е многу цврста, додајте уште 1 чаша млеко). Измешајте и оставете ја смесата настрана.
- Во друг сад измешајте ги кокосот, останатите 250 г од шеќерот во прав и маргаринот, па додајте 2 жолчки и замесете убава смеса. Откако убаво ќе ја измешате, ставете ја настрана.
- Земете ја црната смеса и ставете ја на работна маса врз алуминиумска фолија за да не се лепи.
- Расплескајте ја и расукајте ја во правоаголна форма, па врз неа ставете ја белата смеса.
- Белата смеса исто така расплескајте ја колку што е црната коцка, па двете заедно завиткајте ги во ролат.
- Ролатот ставете го во фрижидер да се стегне, потоа исечете го на парчиња и послужете.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во