Рецепти
Шницли со пиперки
Лесен рецепт со телешки шницли на кој гурманите нема да можат да му одолеат
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Телешки шницли(4 )
Целер(1 страк )
Црвена пиперка(1/2 )
Жолта пиперка(1/2 )
Морков(1 )
Оцет(1 Супена лажица)
Бистра зеленчукова супа(1/2 Чаша)
Нишесте (пченкарен скроб)(1 Кафена лажица)
Свежа мајчина душица(1 Китка)
Масло(4 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- Измијте ги и исчистете ги пиперките, целерот и морковот. Исечете ги на коцки.
- Загрејте 2 лажици масло во една тава, додајте го зеленчукот и пржете го на умерен оган 5-6 минути, мешајќи го.
- Растворете го густинот со оцетот, додајте 2-3 лажици супа, па со добиената смеса прелијте го се уште крцкавиот зеленчук, измешајте го и полијте го со уште супа за да добиете течен сос.
- Загрејте го останатото масло во тава и на него пржете ги шницлите по една минута од секоја страна. Префрлете ги во тавата со зеленчукот, посолете ги, попиперете ги и пржете ги уште 3-4 минути. Пред да ги сервирате, ароматизирајте ги со мајчина душичка.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во