Рецепти
Солен колач со тестенини Ана Ѓорова

Сицилијански рецепт за вкусен колач од тестенини, месо и зеленчук

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тестенини(500 Грама)

Свинско мелено месо(200 Грама)

Телешко мелено месо(200 Грама)

Грашок(300 грама замрзнат )

Домат(200 Грама)

Сирење(100 Грама)

Кашкавал(200 Грама)

Презла(100 Грама)

Кромид(1 Главица)

Црвено вино

Масло

Путер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Пропржете половина главица исечкан кромид на 4 лажици масло, додајте го месото и пржете го додека да зарумени и полијте го со виното.
  2. Додајте ги исечканите домати и половина литар топла вода, посолете го месото и динстајте го еден час.
  3. Останатата главица кромид исечкајте ја и пржете ја на лажица загреано масло, додајте го одмрзнатиот грашак, посолете го и пржете 15 минути.
  4. Сварете ги тестенините, исцедете ги и зачинете ги со половина од сосот и со ренданиот кашкавал.
  5. Намастете еден калап со дијаметар од 26 см и посипете го со половина од презлата. Додајте половина тестенини, покријте ги со сирењето исечено на коцки, со грашокот, останатиот сос и останатите тестенини.
  6. Посипете го колачот со останатата презла и полијте го со малку масло. Печете го 20-тина минути на 220 степени.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: