Рецепти
Сос од пиперки и маслинки
Послужете го со јадења од ориз на кои ќе им даде шмек и одличен вкус
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Зелена пиперка(2 )
Црни маслинки(2 Супени лажици)
Лук(2 Чешниња)
Млад кромид(2 )
Масло(4 Супени лажици)
Мајоран(2 Гранчиња)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Печете ги пиперките на 200°C, 25-30 минути, па завиткајте ги во алуминиумска фолија и оставете ги 10 минути. Излупете ги печените пиперки и исечете ги на ленти.
- Од маслинките извадете ги семките и исечете ги на парчиња.
- Излупете го лукот и ситно исечкајте го.
- Отстранете го зелениот дел од младите кромитчиња, а останатиот дел ситно исечкајте го.
- Во едната тава ставете да се загреат 4 лажици масло и лукот.
- Додајте ги младите кроммитчиња, па продолжете со пржење.
- Додајте ги и пиперките, маслинките и листенцата мајоран. Измешајте и пржете уште неколку минути.
- Посолете го сосот, додајте бибер и сервирајте го како прилог со јадења од ориз.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во