Рецепти
Супа од тиква и морков Ана Ѓорова

Есенска супа за зајакнување на имунитетот и за детоксикација

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бистра зеленчукова супа(4 Чаши)

Кромид(1/2 Главица)

Бел лук, излупен и згмечен(1-2 Чешниња)

Морков(2 )

Јаболко(1 )

Ѓумбир во прав(1.5 Кафена лажица)

Мускатна тиква(1 )

Морска сол(1 Кафена лажица)

Куркума(1/2 Кафена лажица)

Сушен темјан(1/2 Кафена лажица)

Цимет(1/4 Кафена лажица)

Бибер(по вкус )

Кокосово млеко(1/2 Чаша)

Лимон(1/2 )

Јаворов сируп(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Во тенџере на умерена температура пропржете ги згмечениот лук и сечканиот кромид со малку масло, околу 2-3 минути.
  2. Откако ќе омекнат лукот и кромидот, во тавата додајте ги сечканите парчиња морков, сечканата јаболка и ѓумбирот. Гответе уште 5 минути.
  3. Тиквата излупете ја, исчистете ја и исечкајте ја на парчиња, па додајте ги во тавата заедно со морска сол, куркума, темјан, цимет и бибер. Измешајте добро и гответе уште 5 минути.
  4. Налијте од зеленчуковата супа и млекото. Оставете да зоврие, па намалете ја температурата и покријте со капак. Гответе околу 20 минути додека зеленчуците омекнат.
  5. Потоа тргнете од оган и додајте го свежиот сок од лимон и јаворовиот сируп.
  6. Со рачен блендер или миксер измиксајте ја супата за да добиете густа, кремаста смеса. Пробајте ја дали е добра по вкус и додајте сол и бибер по вкус.
  7. Супата послужете ја веднаш додека е топла, декорирајте ја со свежи јаболки по желба, семки од тиква или ореви.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: