Рецепти
Торта од кокос и мандарини Ана Ѓорова

Одлична комбинација за свежа и вкусна торта што може да ја подготвите за разни пригоди

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(3 за пандишпан )

Шеќер(150 г за пандишпан )

Брашно(200 г за пандишпан )

Мандарина(400 г за пандишпан )

Кокосово брашно(150 г за пандишпан )

Путер(100 г за пандишпан )

Прашок за печиво(1 за пандишпан )

Мандарина(сок 150 мл за прелив )

Шеќер(150 г за прелив )

Бело чоколадо(200 г за прв фил )

Слатка павлака(400 г за прв фил )

Кокосово брашно(3 лажици за прв фил )

Бисквити(4 за втор фил )

Црно чоколадо(40 г за втор фил )

Кокосово брашно(3 лажици за втор фил )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

Пандишпан

  1. Мандарините варете ги 2 минути во тенџере со вода на оган, истурете ја водата, додајте нова и варете ги уште 2 минути, па извадете ги од тенџерето и сомелете ги.
  2. Шеќерот и јајцата изматете ги со миксер додека се растопи шеќерот.
  3. Додајте ги мелените мандарини, брашното и кокосовото брашно, прашокот за печиво и путерот (претходно растопен). Мешајте со лажица да се соедини смесата.
  4. Ставете ја во тркалезна тава бр. 26 обложена со хартија за печење и печете ја во рерна на 200 степени, 40 минути.

Прв фил

  1. Белото чоколадо растопете го, додајте ја слатката павлака и мешајте со лажица. Изладената смеса изматете ја со миксер додека ја добие потребната цврстина.
  2. Додајте 3 лажици кокосово брашно (претходно запржено во тава на оган, па оставено да се олади) и матете со миксер да се соедини смесата.

Втор фил

  1. Кршените бисквити измешајте ги со 3 лажици кокосово брашно и со крупно ренданото чоколадо.

Прелив

  1. Во тенџере на оган ставете ги сокот од мандарини со шеќерот додека шеќерот се растопи.

Финална постапка

  1. Изладениот пандишпан извадете го од тавата и исечете го на половина.
  2. Врз првата кора прелијте го врелиот прелив.
  3. Откако ќе впие, премачкајте го со првиот фил, па со вториот фил и повторно премачкајте со првиот фил.
  4. Ставете ја втората кора и нанесете од преливот, па целата торта премачкајте ја со преостанатиот прв фил и декорирајте по желба.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: