Рецепти
Торта од моркови со суво овошје Ана Ѓорова

Вкусна торта што нема да ве остави рамнодушни

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Морков(350 Грама)

Кафеав шеќер(150 Грама)

Шеќер(100 Грама)

Брашно(200 Грама)

Сода бикарбона(2 Кафени лажици)

Цимет(1 Кафена лажица)

Сол(1 Прстофат)

Суви сливи(100 Грама)

Суви кајсии(100 Грама)

Масло(2 Децилитри)

Јајце(4 )

Јаболко(2 )

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Ѓумбир(1 лажица рендан свеж )

Портокал(1 )

Шеќер во прав(150 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Морковите изрендајте ги, измешајте ги со кафеавиот шеќер и оставете ги да отстојат додека пуштат сок.
  2. Во друг сад брашното измешајте го со белиот шеќер, ванилиниот шеќер, циметот, содата бикарбона, прстофат сол, ренданата кора од портокал и изренданиот свеж ѓумбир.
  3. Сувото овошје во сад прелијте го со вода и оставете го да отстои за да омекне, па исцедете го, исушете го и исечкајте го.
  4. Јајцата со миксер пенасто изматете ги, додајте ја смесата со рендани моркови, исечканото суво овошје, масло, ренданите јаболки, а на крајот внимателно измешајте ја и смесата со брашно.
  5. Округол калап со димензии 26 см, добро премачкајте го со путер, набрашнете го и во него прелијте ја целата смеса.
  6. Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени, 20 минути, па намалете ја температурата на 170 степени и печете додека колачот се испече (проверете со игла или чепкалка дали е готов).
  7. Во меѓувреме подгответе глазура; во сад ставете го шеќерот во прав и додавајте лажица по лажица од исцедениот сок од портокал додека добиете густа смеса.
  8. Печениот колач оставете го да се олади, па ставете го во фрижидер неколку часа. Потоа сервирајте го со глазурата, а по желба може да се украси со шлаг или сладолед од ванила.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: