Рецепти
Торта со банани и ванила Ана Ѓорова

Торта од пудинг од ванила, ореви и банани со чоколадо што сите ќе ја обожаваат

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(6 )

Шеќер(14 Супени лажици)

Сечкани ореви(8 Супени лажици)

Масло(1 Супена лажица)

Брашно(4 Супени лажици)

Прашок за печиво(1/2 Пакување)

Млеко(500 Милилитри)

Пудинг од ванила(2 Пакувања)

Маргарин(1/2 )

Банана(3 )

Црно чоколадо(100 Грама)

Шлаг крем ванила(или шлаг пена 1 пакетче (за премачкување на тортата) )

Млеко(100 мл (за премачкување на тортата) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

Пандишпан

  1. Белките се матат со 8 лажици шеќер додека да се добие цврст снег.
  2. Потоа во смесата се додаваат оревите и 1 лажица масло и се промешува.
  3. Се додава брашното измешано со печивото и се пече на 180°C, 15 минути.

Фил

  1. Пудинзите се мешаат со жолчките и малку млеко (100 мл) и се додаваат во зовриено млеко (400 мл) во кое се растопени 6 лажици шеќер.
  2. Се вари додека да се добие потребната густина, па се трга настрана целосно да се олади.
  3. Кога филот ќе се олади, се меша со половина коцка изматен маргарин.

Финална постапка

  1. Испечениот пандишпан се сече на 2 дела по должина.
  2. Филот се дели на два дела и секоја кора се премачкува со филот и се реди една врз друга.
  3. Одозгора врз филот се редат половинките од банани во 3 реда.
  4. Вака распоредените банани се премачкуваат со 100 г чоколадо, растопено со 4-5 лажици млеко и 1 лажица маргарин.
  5. Целата торта се премачкува со 1 пакетче изматена шлаг пена со 100 мл млеко и се декорира со готварски шприц.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: