Рецепти
Торта со лешници Ана Ѓорова

Богата чоколадна торта со лешници што одлично оди со шолја кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(10 (за пандишпан) )

Шеќер(200 грама (за пандишпан) )

Мелени лешници(и печени (300 грама) )

Црно чоколадо(50 грама (за пандишпан) )

Путер(или маргарин 250 грама (за фил) )

Шеќер во прав(300 грама (за фил) )

Мелени лешници(печени 350 грама (за фил) )

Варено кафе(1 дл (за фил) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

Пандишпан:

  1. Јајцата добро се матат со шеќерот, па се додава потпечениот мелен лешник, се ренда 50 г чоколадо за готвење и сето тоа добро се промешува.
  2. Смесата се истура во плех (40х30 см) обложен со хартија за печење.
  3. Се пече во загреана рерна на 200°C.

Фил:

  1. Во меѓувреме се мати путерот со 300 г шеќер во прав, па се додаваат 350 г потпечен мелен лешник и 1 дл сварено кафе (јако).
  2. Целата смеса добро се промешува.

Крајна постапка:

  1. Кога ќе се излади печениот пандишпан, се вади од плехот и се дели на три еднакви дела по должина.
  2. Првиот дел од пандишпанот се става врз соодветен, рамен сад за послужување торти, се попрскува со шербет или со сок од слатко од смокви, па врз него се става еден дел од филот.
  3. Потоа врз него се става вториот дел од пандишпанот, се попрскува со шербет и врз него се нанесува вториот дел од филот.
  4. На крај се става третиот дел од пандишпанот, се попрскува со шербет и со остатокот на филот се филува целата торта.
  5. Одозгора може да ја посипете целата торта со мелени лешници или со рендано чоколадо (или глазура од чоколадо) и да декорирате со неколку лешници.
Посни колачи со локум
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Пилешки џигер во пиво
Интегрален колач од јаболки
Ролат со кокос
Пита со кисела зелка
Куглов со ореви и чоколадо
Пача
Тава со свинско месо и печурки
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Благи кифлички со вино
Ленени погачици
Салата со праз и сирење
Посен колач со јаболко и банана
Сир тостерки
Кокос коцки
Штрудлички со јаболко (посно)
Колач со јаболко
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: