Рецепти
Црвена чорба
Домашна зеленчукова чорба од домати што ќе ви стане омилена
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(2 Супени лажици)
Рендан морков(2-3 )
Домат(3 )
Фиде(1 Топка)
Шеќер(1/2 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- На тивок оган на масло се пржат 2 лажици брашно, а кога ќе пожолти, се додава рендан морков.
- Откако и морковот ќе се пропржи се додаваат доматите (претходно изрендани), па се налева 1,5 л вода.
- Чорбата се остава да проврие околу 15-тина минути. Потоа се додаваат 2 коцки за супа, бибер, лук во прав и половина лажиче шеќер (за да не биде многу кисела чорбата).
- Откако ќе се свари, се додава една топка фиде, па за 10-тина минути откако ќе се свари тестенината, чорбата е готова за сервирање.
- По желба, пред послужување може да се нароси со малку босилек.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во