Рецепти
Турски погачици Ана Ѓорова

Погачици со сирење и магдонос што одат со разни намази, месо и слично

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(3 )

Кисело млеко(1 Чаша)

Масло(1 Чаша)

Шеќер(1 Супена лажица)

Сол(1 Супена лажица)

Брашно(по потреба )

Сирење(300 Грама)

Магдонос(1 Китка)

Прашок за печиво(2 Пакувања)

Сусам

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Се кршат две јајца и се додаваат киселото млеко, маслото, солта и шеќерот. Се меша и се додаваат печивото и брашното. Се замесува средно тврдо тесто и се остава да нарасне 30 минути.
  2. Сирењето се гмечи со вилушка и се додаваат магдоносот и белката од едното јајце.
  3. Од стасаното тесто се вадат топчиња малку поголеми од орев. Се расукуваат големи колку тацна за кафе.
  4. Врз нив се става од филот на средината по должина. Се свиткуваат прво едната половина кон средина, па потоа и втората, но така за да се гледа сирењето во средината. Краевите се составуваат и се притискаат со прсти.
  5. Погачиците се редат во плех, се премачкуваат со жолчка, се наросуваат со сусам и се оставаат да стасаат. Се печат 20 минути на 180 степени.
Турска супа со црвена леќа и зеленчук
Мухалебија
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Сикма
Турски ѓевречиња (посно)
Полнети турски погачици
Птичјо гнездо
Модри патлиџани на турски начин
Пилешко во сос од ореви
Говедско со кромид
Баклава со кадаиф
Мантии
Мини лахмаџун
Баклава со јогурт
Алва од гриз со суво грозје (посно)
Турски погачици
Филџан бурек
Баклава со суви смокви и со јаболки
Турски млечен пудинг
Назли фатма
Сунгер татлија (араванија)
Турски крофни
Пилав од булгур
Воден бурек
Печена скуша со кромид
Турска супа од црвена леќа
Кадаиф со ореви и суво грозје (посно)
Бела алва (посно)
Јагнешко месо со пире од модри патлиџани

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: