Рецепти
Улутма од ореви
Слатко задоволство што одлично оди со омиленото кафе
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Турска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(6 )
Шеќер(250 Грама)
Мелени ореви(250 Грама)
Суво грозје(200 Грама)
Гриз(200 Грама)
Прашок за печиво(1/2 ќесичка )
Шеќер(750 грама за шербет )
Ванилин шеќер(1 ќесичка за шербет )
Вода(250 мл за шербет )
Лимон(1 за шербет )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути
- Белките се матат со миксер заедно со половина од шеќерот додека се растопи.
- Преостанатиот шеќер се мати со жолчките во посебен сад исто така со миксер, па двете смеси се соединуваат.
- Се додаваат мелените ореви, сувото грозје, прашокот за печиво и гризот, па се меша со лажица за да се соедини смесата.
- Се претура во тркалезна тава за печење, намастена со масло и набрашнета, и се пече 40 минути во рерна на 180 степени.
- Се подготвува шербет: во тенџере на оган се ставаат 750 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 250 мл вода.
- На ситната страна од рендето се ренда кора од лимонот, па се додава во тенџерето заедно со половина од исцедениот сок од лимон.
- Се вари додека шербетот ја добие потребната густина и додека шеќерите се растопат.
- Колачот се вади од рерна, се остава малку да се олади, се сече на парчиња, па се прелива со врел шербет и се остава да впие.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во