Рецепти
Вареники со вишни Ана Ѓорова

Традиционален украински рецепт за ужина

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Млеко(2 Чаши)

Јајце(1 )

Маргарин(120 Грама)

Брашно(5 Чаши)

Сол(1 Супена лажица)

Вишни(150 Грама)

ПОДГОТОВКА

За подготовка овој рецепт се потребни помалку од 25 минути

  1. Измешајте со миксер млеко, јајца, маргарин, сол и 3 чаши брашно. Мешајте додека смесата не се соедини, па постепено додавајте ги останатите 2 чаши брашно во смесата. Оставете смесата да отстои во на собна температура 30 минути до 1 час.
  2. Во меѓувреме, исчистете ги вишните од семки (или употребете готови свежи вишни во конзерва без семки) и исцедете ги од сокот.
  3. Од тестото исечете 4 делови. Земете го првиот дел и измесете го со сукало додавајќи брашно за да не се лепи, па употребете кружен сад за оформување колачи или пак обична стаклена чаша и направете кругови. Постапката повторете ја со останатите делови тесто.
  4. Во секое крукче ставете по 2-3 вишни и формирајте половина круг поклопувајќи го тестото (како равиоли) и ставајте ги во набрашнет сад едно до друго.
  5. Во длабоко тенџере завријте вода и ставете 30 од парчињата да се варат. Мешајте ги со лажица и варете 5-7 минути додека не испловат на површина на тенџерето. Со цедалка вадете ги од вода и ставете ги во сад со путер за да не се лепат. Оставете малку да се оладат 5 минути, па послужете.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: