Рецепти
Веганско карамел брауни
Здрави и неверојатно вкусни вегански браунис колачи
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Кокосов крем(160 Милилитри)
Јаворов сируп(450 Грама)
Путер од кикирики-органски(4 Супени лажици)
Екстракт од ванила(2 Кафени лажици)
Морска сол(3/4 Кафена лажица)
Кокосово масло(250 Грама)
Мелени бадеми(200 Грама)
Брашно(100 Грама)
Какао(40 Грама)
Прашок за печиво(2 Кафени лажици)
Сол(1 Кафена лажица)
Оризово млеко(240 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 45 минути
- Загрејте ја рерната на 160 степени.
- За карамелата, во тенџер ставете го кремот од кокос, намалете ја температурата и додајте го путерот од бадеми или кикирики, агаве засладувач или јаворов сируп, ванилата (1 лажица) и морската сол. Кога се ќе се соедини тргнете го на страна за да се олади.
- За браунито, стопете го кокосовото масло и тргнете го на страна. Во садот додајте ги мелените бадеми, брашното, јаворов сируп или агаве засладувач (300 милилитри), какаото, прашак за печиво, солта, оризово млеко и 1 лажица ванила. Се промешајте убаво.
- На тавче обложено со хартија за печење сипете половина од смесата за браунито, а одозгора сипете половина од карамелот. Со лажичка напревете шари за карамелот да се распредели низ целото брауни. Потоа сипете го останатиот дел од браунито, врз него останатиот карамел и повторно прошарајте со лажичка.
- Печете го браунито 30 минути во загреана рерна.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во