Рецепти
Вегетаријански бургер Ана Ѓорова

Вегетаријански бургер со плескавица од црн грав, наут, овесни снегулки и зеленчук. Испробајте ја оваа вкусна варијанта за ручек и послужете со чаша ладно пиво.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Маслиново масло(60 Милилитри)

Црвен кромид(1 помал )

Црни маслинки(5 )

Црвена бабура(2 )

Зелена пиперка(1 )

Кромид(0.5 Главица)

Црн грав(115 Грама)

Грав(115 Грама)

Наут(115 Грама)

Овесни снегулки(170 Грама)

Чили во прав(1/2 Кафена лажица)

Суво оригано(1 Кафена лажица)

Сечкан магдонос(1 Супена лажица)

Кумин(1/2 Кафена лажица)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Јајце(1 )

Бургер леб(4 Парчиња)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Во средна тава на умерен оган, загрејте 30 милилитри маслиново масло и пропржете ги исечканиот црвен кромид, другиот кромид, исечканите пиперки и маслинките. Пржете со постојано мешање додека зеленчуците не омекнат.
  2. Така подготвениот зеленчук, измешајте го со сварениот грав и наутот. Додајте го јајцето и овесните снегулки, а потоа убаво испасирајте ја смесата.
  3. Додајте ги сечканиот магдонос и зачините, убаво со дланките измешајте ја смесата и формирајте 4 плескавици. Ставете ги во чинија, покријте ги и оставете ги да отстојат во фрижидер 30 минути.
  4. Во тава на оган додајте го остатокот од маслото и пржете ги плескавиците по 2-3 минути од двете страни.
  5. Ставете ја готовата плескавица во бургер леб и послужете со свежа сезонска салата и чаша пиво.
Салата со соја и шампињони
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Пита со карамелизирана тиква
Чорба без масло
Крокети од тиква и пармезан
Тарт со праз
Вегетаријански плескавици
Посна сарма со праз и шампињони
Топчиња од палента
Топчиња од зеленчук
Чоколадни бомбици со авокадо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Шеќерни јаболки
Сос од грав и лук
Блага тиква со мед и ореви (посно)
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Салата со карфиол и маслинки
Крем чорба од зеленчук
Топчиња со блитва
Чорба со блитва и кисела павлака
Проја мафини со брокула
Чорба со кисели краставички
Овесни колачиња со цимет и мед
Мафини со рибизли
Чорба со шампињони и кисела павлака

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: