Рецепти
Зелник со сирење Ана Ѓорова

Македонски вкусен зелник

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1/2 Килограм)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Вода(200-300 Милилитри)

Црвен вински оцет(2 Супени лажици)

Масло(1/2 Чаша)

Сирење(50 Грама)

Кисело млеко(1 Пакување)

Јајце(5 )

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 55 минути

ТЕСТО:

  1. Од брашното, солта, топлата вода, оцетот и маслото замесете тесто и поделете го на 10 топчиња. Секое топче расукајте го на мали кори и попрскајте го со растопен маргарин.
  2. Расуканите кори се редат една врз друга, по 5 кори на две места. Горните (последните) кори не се премачкуваат со маргарин. Тестото се остава во фрижидер да отстои 1-2 часа.

ФИЛ:

  1. Киселото млеко се меша со иситнетото сирење и се додаваат петте јајца.
  2. Се промешува. Филот може да биде и од спанаќ, јајца, урда или од кисела зелка со парчиња свинско месо.

КОРИ:

  1. Кога ќе отстои тестото, еден дел се расукува во кора голема колку округлата тепсија. Другата кора со сукало треба да се растегне за да биде тенка.
  2. На тепсијата се става прво едната кора, се реди од филот, па се става и втората кора, потоа се ниша лево-десно за да биде набрана. На краевите се прави венец.
  3. Зелникот се попрскува со масло и со растопен маргарин. Се пече на 200°C додека да зарумени.
Баклава со јаболки
Лут зелник
Расолница
Колач со рогач
Лепчиња со лук и магдонос
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Мариниран ослиќ (посно)
Салата со компири и туна
Јагнешка чорба
Солени бомбици од сирење
Салата со урда и праз
Тава со карфиол и месо
Таан баклава
Печен ролат од свинско каре
Чорба од крап
Јагнешка чорба
Боранија со пилешко месо
Чорба од грав и чадена сланина
Крем бомбици
Гужвана баклава
Крем салата од пиперки и модри патлиџани
Зимница од везени пиперки
Јагнешко со бамји
Свечена слоевита салата
Шербет пита со јаболки
Бајадера со костени
Пита со фил од компир (посно)
Тава ориз на кочански начин
Телешка чорба

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: