Рецепти
Крем салата со компири Ана Ѓорова

Оваа салата може да се приготвува преку целата година. Многу е вкусна и освежителна, а може да се послужи како предјадење или мезе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Компир(1 Килограм)

Кромид(1 Главица)

Шунка(200 Грама)

Магдонос(1 Китка)

Павлака(200 Милилитри)

Мајонез(5 Супени лажици)

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Компирите ги вариме цели, а потоа ги лупиме и во еден длабок сад ги рендаме на крупната страна од рендето.
  2. Кромидот го чистиме, го сечкаме ситно, па го додаваме кај компирите.
  3. Китката магдонос ја чистиме, ја миеме, ситно ја сечкаме и ја додаваме во садот.
  4. Шунката ја сечкаме на ситни коцки како за руска салата, па ја додаваме во садот со компирите.
  5. Ги промешуваме состојките, посолуваме и потоа ги додаваме павлаката и мајонезот.
  6. Повторно убаво мешаме, па салатата ја ставаме во чинија и декорираме по желба.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: