Рецепти
Макарони салата со пилешко и песто сос Ана Ѓорова

Италијанска салата со домашен сос од босилек и пилешко месо за лесен и вкусен оброк. Добар апетит!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Макарони(250 Грама)

Пилешки гради(200 Грама)

Шери домати(200 Грама)

Рукола(1 Китка)

Лук(1 Чешне)

Свеж босилек(50 Грама)

Рендан пармезан(30 Грама)

Морска сол(прстофат )

Пекорино кашкавал(30 Грама)

Маслиново масло(100 Милилитри)

Борови ореви (пињоли)(15 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

Песто сос:

  1. Лукот излупете го и истолчете го во дрвен сад заедно со малку морска сол.
  2. Потоа додајте ги целосните, измиени и исушени листови босилек и толчете ги заедно со лукот додека убаво не се испасира смесата и не стане кашеста.
  3. Откако ќе добиете убава смеса, додајте ги боровите ореви и толчете повторно додека не се соедини смесата.
  4. Пекорино кашкавалот изрендајте го на најситно и додајте го заедно со ренданиот пармезан во смесата со босилекот.
  5. На крај додајте го маслото и убаво промешајте додека не добиете хомогена смеса.

Салата:

  1. Макароните (или тестенини во форма на пеперутки) сварете ги во солена вода околу 8-10 минути, исцедете ги, па исплакнете ги под млаз ладна вода и ставете им малку маслиново масло.
  2. Пилешкото месо испржете го во тава со малку масло, потоа посолете го и исечете го на коцкички.
  3. Во голем сад измешајте го месото со шери доматите исечени на половинки, руколата и со уште малку масло.
  4. Додајте ги макароните и домашниот песто сос и убаво измешајте. Сервирајте го јадењето ладно.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: