Рецепти
Розички од јаболки Ана Ѓорова

Декоративен десерт со кој ќе ги изненадите гостите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Лиснато тесто(1 Пакување)

Јаболко(4 )

Лимон(1 )

Џем од кајсии(или друг по избор 100 грама )

Шеќер во прав(50 Грама)

Цимет(10 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Лиснатото тесто расукајте го до дебелина од половина сантиметар и исечете го на ленти широки 3-4 см.
  2. Јаболките исечете ги на тенки кругови (не ги лупете) и варете ги 4-5 минути во тенџере со вода и исцедениот лимон. Исцедете ги и оставете ги да се оладат и исечете ги на половинки.
  3. Врз секоја лента нанесете мармалад и посипете ја со цимет, па врз лентите ставете ги половинките јаболки и преклопете (како на сликата).

01

 

3. Завиткајте ги до крај како ролатчиња (како сликата).

02

4. Наредете ги добиените розички во калапи за мафини и печете ги во рерна на 200 степени, 25-30 минути.

5. Пред сервирање посипете ги со шеќер во прав.

Крофни
Домашен сендвич сладолед
Здрава проја со тиквички
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Оревки
Сусам топчиња
Лут зелник
Тарт со вишни
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Кнедли од џигер
Енергетски залчиња од тиква
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Чај со брусница и зачини
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Здраво чоколадно лепче
Ленени погачици
Чоколадни брауни од тиква
Брза пита од тиква

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: