Рецепти
Веганска торта со киноа и авокадо Ана Ѓорова

Чоколадна торта со здрави состојки што е одлична веганска и безглутенска опција за десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Киноа зрна(250 Грама)

Вода(450 Милилитри)

Урми без семки(175 Грама)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Прашок за печиво(1 Кафена лажица)

Какао(8 Супени лажици)

Чиа семе(2 Супени лажици)

Мед(6-8 Супени лажици)

Сол(1 Прстофат)

Авокадо(2 )

Кокосово масло(2 Супени лажици)

Малини

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Киноата потопете ја во водата најмалку 15 минути, па исцедете ја. Уште подобро е ако ја оставите да отстои во водата преку ноќ.
  2. Потоа ставете ја во блендер заедно со урмите без семки, 4 лажици какао, 2-3 лажици мед (или друг засладувач по желба), ванила екстрактот, печивото, чиа семките и прстофат сол. Изблендирајте добро додека сите состојки убаво се соединат.
  3. Половина од смесата претурете ја во кружен сад (15 см) врз намастена хартија за печење и печете 35-45 минути во рерна на 180 степени. Проверете со чепкалка или нож дали е печена – боцнете и ако ножот излезе чист, извадете ја од рерна.
  4. Постапката повторете ја со преостанатата смеса.
  5. Пандишпаните оставете ги да се оладат 15 минути пред да ги извадите од садот.
  6. Во меѓувреме преполовете го авокадото и издлабете го, а потоа издлабениот дел ставете го во блендер заедно со 4 лажици какао, топеното кокосово масло и 4-6 лажици мед. Блендирајте додека добиете кремава, хомогена смеса.
  7. Премачкајте од филот врз првиот пандишпан, па поклопете со вториот пандишпан. Премачкајте ја целата торта со остатокот од филот и украсете со шумско овошје.
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Колачиња зелени елки
Кростата од бадеми со мармалад
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Колач со рогач
Благи кифлички со вино
Тробоен куглов
Ролнички со соја, праз и печурки
Кекси со лешници
Сос од грав и лук
Највкусни крофни
Штрудлички со јаболко (посно)
Посен колач со јаболки и рум
Обланди со бисквити и чоколадо
Чоколадни урми
Нескафе бомбици
Ролат со урми
Овесни колачиња со цимет и мед
Солени крофни
‘Ржан леб со семки од тиква
Колач со јаболки и бадеми
Крем бомбици
Куглоф со три фила
Овошен колач
Бајадера од урми и кикирики
Колач со млеко од соја
Брз колач со јаболко
Сочен чоколаден колач

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: