Рецепти
Кростата од кајсии
Колач со мармалад и мелени бадеми. Погоден и за појадок со чаша млеко.
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ТешкоСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(300 Грама)
Прашок за печиво(1/4 Пакување)
Маргарин(150 Грама)
Шеќер(280 Грама)
Јајце(3 )
Кисела павлака(2 Супени лажици)
Мармалад од кајсии(150 Грама)
Мелени бадеми(250 Грама)
Лимон(1/2 )
Ванилин шеќер(1 Пакување)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
- Измешајте ги брашното, прашакот за печиво, маргаринот, 80 грама шеќер, жолчките од јајце и киселата павлака и со дланките замесете тесто.
- Тестото поделете го на два дела од кои едниот подолем дел расукајте го со дебелина од 1 сантиметар, ставете го во округла тепсија, прободете го со вилушка на површината и печете го 20 минути на температура од 220°C, така што да биде половично испечено.
- Во меѓувреме расукајте го другиот мал дел и со нож исечете го во тенки ленти од прилика 1 см.
- Белките изматете ги со миксер во цврст снег, додајте го шеќерот, сокот и кората од лимонот, ванилиниот шеќер и мелените бадеми.
- Половично испеченото тесто извадете го од рерна и премачкајте го со филот од бадеми, потоа одозгора со мармаладот, а по врвовите наросете дополнително мелени бадеми по желба.
- Одозгора наредете ги лентите од тестото паралелно од двете страни и премачкајте ги со малку масло.
- Тестото вратете го повторно во рерна да се пече на 200°C додека не добие убава боја.
- Печената кростата сечете ја на триаголници и послужете ја топла.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во