Рецепти
Кростата од кајсии Ана Ѓорова

Колач со мармалад и мелени бадеми. Погоден и за појадок со чаша млеко.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(300 Грама)

Прашок за печиво(1/4 Пакување)

Маргарин(150 Грама)

Шеќер(280 Грама)

Јајце(3 )

Кисела павлака(2 Супени лажици)

Мармалад од кајсии(150 Грама)

Мелени бадеми(250 Грама)

Лимон(1/2 )

Ванилин шеќер(1 Пакување)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Измешајте ги брашното, прашакот за печиво, маргаринот, 80 грама шеќер, жолчките од јајце и киселата павлака и со дланките замесете тесто.
  2. Тестото поделете го на два дела од кои едниот подолем дел расукајте го со дебелина од 1 сантиметар, ставете го во округла тепсија, прободете го со вилушка на површината и печете го 20 минути на температура од 220°C, така што да биде половично испечено.
  3. Во меѓувреме расукајте го другиот мал дел и со нож исечете го во тенки ленти од прилика 1 см.
  4. Белките изматете ги со миксер во цврст снег, додајте го шеќерот, сокот и кората од лимонот, ванилиниот шеќер и мелените бадеми.
  5. Половично испеченото тесто извадете го од рерна и премачкајте го со филот од бадеми, потоа одозгора со мармаладот, а по врвовите наросете дополнително мелени бадеми по желба.
  6. Одозгора наредете ги лентите од тестото паралелно од двете страни и премачкајте ги со малку масло.
  7. Тестото вратете го повторно во рерна да се пече на 200°C додека не добие убава боја.
  8. Печената кростата сечете ја на триаголници и послужете ја топла.
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Торта фантазија
Чоколадни кроасани
Филе Велингтон
Највкусни крофни
Руски колач со афион
Печен ролат од свинско каре
Еврејски колач
Торта со слатко од зелени смокви
Чоколадна торта со суви сливи, урми и ореви
Мустаќи торта
Лиснати погачки
Флија
Француски крем кроасани
Крцкав стек со палента
Козињак со мармалад
Велигденска корпа
Пита со чаен колбас
Ролни со цимет
Тортелини со тиква
Визитарки (посно)
Спонзор торта
Какао торта со фил од чоколадо
Влашка пита
Мини пити со спанаќ и сирење
Свинска пача
Кростата од кајсии
Домашен леб
Полнет венец

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: