Рецепти
Торта со слатко од зелени смокви Ана Ѓорова

Одлична торта за секакви пригоди

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(9 за пандишпаните )

Шеќер(9 лажици за пандишпаните )

Брашно(3 лажици за пандишпаните )

Мелени ореви(15 лажици за пандишпаните )

Прашок за печиво(1 и пол ќесичка за пандишпаните )

Црно чоколадо(130 грама за пандишпаните )

Мелени ореви(250 грама за филот )

Путер(210 грама за филот )

Млеко(100 мл за филот )

Слатко од зелени смокви(400 г смокви за филот )

Суво грозје(100 грама за филот )

Шеќер(3 лажици за филот )

Црно чоколадо(100 г за преливот )

Слатка павлака(100 мл за преливот )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

Пандишпани

  1. Во длабок сад со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додека не се растопи.
  2. Потоа додајте ги брашното, мелените ореви и печивото и измешајте.
  3. На покрупната страна од рендето во садот изрендајте го чоколадото и мешајте со лажица додека смесата не се соедини.
  4. Потоа ставете од смесата во тркалезна тава бр.24 и во 2 тркалезни калапа сите обложени со хартија.
  5. Ставете ги калапите во претходно загреана рерна и печете ги 20 минути на 200 степени.

Фил

  1. Сувото грозје прелијте го со 30 мл топла вода и оставете го малку да се кисне.
  2. Во тенџере на оган ставете ги млекото и шеќерот и промешајте.
  3. Откако млекото ќе се загрее, тргнете го тенџерето од оган, додајте ги мелените ореви и промешајте.
  4. Во сад за матење со миксер пенасто изматете го путерот.
  5. Додајте ги изладените, полупопарени ореви и омекнатото суво грозје, па матете со миксерот додека смесата се соедини.
  6. Смоквите од слатко ситно исечкајте ги ( рецепт за домашно слатко: https://moemeni.mk/?cs_recepti=slatko-od-zeleni-smokvi )  и додајте ги во садот, па целиот фил мешајте го да се соедини.

Финална постапка

  1. Пандишпаните извадете ги од калапите и од тавата и отстранете им ги хартиите.
  2. На чинија за торта ставете го првиот пандишпан, прелијте го со шербетот од слаткото од смокви и премачкајте го со фил.
  3. Истата постапка повторете ја и со вториот пандишпан.
  4. Нанесете го третиот пандишпан и прелијте го со шербетот од слаткото, па страничниот дел на тортата премачкајте го со преостанатиот фил.
  5. Горната површина на тортата премачкајте ја со изладен чоколаден прелив: во тенџере на оган ставете ги слатката павлака и чоколадото на парчиња. Мешајте да се растопи чоколадото.
  6. Декорирајте ја целата торта со рендано чоколадо, со чоколадни трошки или со сечкани ореви.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: