Рецепти
Баклава со вишни Ана Ѓорова

Летна овошна баклава

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Готови кори(500 Грама)

Вишни(600-700 Грама)

Шеќер(4 лажици (за вишните) )

Јајце(5 )

Шеќер(400 грама (за филот) )

Масло(200 Милилитри)

Јогурт(200 Милилитри)

Прашок за печиво(1 )

Вода(600 мл (за шербет) )

Шеќер(1 кг (за шербет) )

Лимон(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Вишните измијте ги и исчистете ги од семките. Ставете ги во цедалка врз сад, наросете им 4 лажици шеќер и оставете ги да отстојат 1-2 часа да се исцедат.
  2. Во подлабок сад со жица за матење изматете ги јајцата со 400 г шеќер.
  3. Потоа додајте ги јогуртот и маслото, промешајте и додајте го печивото. Повторно добро соединете.
  4. Корите поделете ги на два еднакви дела (20 кори поделени на 2 купчиња од по 10 кори).
  5. На тавата за печење (намастена) ставете две кори, премачкајте со фил и така редите сè додека се потроши половина од корите (едно купче).
  6. Последната кора премачкајте ја со филот и врз неа наредете ги вишните.
  7. Од другата половина ставете две кори врз вишните, премачкајте ги со фил и редете ги на истиот начин 2 кори-фил, сè додека се потрошат. На крај завршете со две кори.
  8. Баклавата исечете ја на квадрати, се премачкува со филот и се става да се пече во рерна на 200°C околу 20 минути или додека да зарумени.
  9. Направете шербет од 1 кг шеќер и 600 мл вода во тенџере на оган, мешајте додека се растопи шеќерот, па додајте го лимоновиот сок и прелијте ја малку оладената баклава со врелиот шербет.
  10. Пред послужување почекајте да впие шербетот.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: