Рецепти
Благи кифлички
Благи кифлички со мармалад и ореви за одличен десерт
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Вода(250 Милилитри)
Млеко(250 Милилитри)
Масло(250 Милилитри)
Квасец(1 коцка )
Сол(2 Кафени лажици)
Шеќер(3 Кафени лажици)
Брашно(1 Килограм)
Маргарин(1 )
Јајце(1 )
Мармалад од кајсии(или друг по желба )
Ореви(150 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Квасецот се меша со малку млако млеко и се остава да нарасне.
- Се мешаат млекото, водата, маслото, шеќерот и солта со стасанитот квасец и се меси тесто.
- Тестото се остава да стаса, а потоа се дели на 8 топчиња.
- Од секое топче се расукува кружна кора, се сече на 8 триаголници и врз секој дел се става мармалад и јатка орев.
- Потоа триаголниците се виткаат како кифли, се премачкуваат со жолчка (изматена со виљушка) и врз нив се ставаат парченца маргарин.
- Се печат во загреана рерна на 250 степени додека заруменат. Испечените кифлички се валкаат во шеќер во прав.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во