Рецепти
Чанамасала Ана Ѓорова

Популарно јадење од индиската кујна од леблебија во зачинет сос од домати што обично се служи како главно јадење или предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Леблебија(500 грама непечена, може и од конзерва )

Кромид(2 Главици)

Чили во прав(1,5 Кафена лажица)

Коријандер(1/2 Кафена лажица)

Гарам масала (индиски мешан зачин)(1 Кафена лажица)

Лимон(1/2 )

Домат(3 )

Ѓумбир(едно мало парче )

Лук(6 Чешниња)

Семе од анасон(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Во еден сад ставете ја леблебијата (ако користите свежа, непечена) и потопете ја во вода, па оставете ја да отстои осум часа или преку целата ноќ. Следниот ден варете ја додека омекне. Тргнете го садот настрана.
  2. Во тава ставете масло и пропржете го сечканиот кромид, па додајте ги сечканиот домат, ренданиот ѓумбир, лукот и варете додека омекне доматот.
  3. Оставете да се излади, па додајте ја мешавината од индиски зачини, семето од анасон, биберот, па измиксирајте во блендер. Ако е смесата густа, додајте малку од водата во која се вареше леблебијата.
  4. Потоа во оваа смеса додајте ја исцедената леблебија и оставете ја кратко да се вари, околу 5 минути. Зачинете со сол по вкус и послужете топло. Одлично е со индиски леб или ориз.
Пилешко со брокули и соја сос
Пикантно пилешко во слатко-кисел сос
Полнети ролнички со месо и зеленчук
Филипински лумпии
Пилешко на индиски начин
Пилешки крилца со сусам
Оризова каша
Пилешко со нудлс
Харусаме со свинско месо
Корејска чорба со тофу
Палачинки со млад кромид
Суши Нори
Кинеско свинско со ананас
Салата од печен наут со кељ
Кинески погачки (посно)
Чанамасала
Златно млеко
Зелка салата со сусам и ѓумбир
Говедско месо на монголски начин
Ориз со печурки
Пападичад
Малајтика
Пржено пилешко со киви
Теријаки сос
Тајландска супа од кокос и пилешко месо
Свинско филе на индонезиски начин
Баба гануш (хроно)
Индиски леб
Пудинг од моркови
Слатко-кисели пилешки топчиња

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: