Рецепти
Чоколадни корпички со малини Ана Ристеска

Ако сте вистински љубители на чоколадо – овој рецепт не го прескокнувајте!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Црно чоколадо(400 Грама)

Малини(150 Грама)

Шеќер(50 Грама)

Хопла(300 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути

  1. 160 грама чоколадо стопете го на пареа. Откога ќе се стопи, додајте уште 40 грама чоколадо и мешајте додека и тоа не се стопи.
  2. 6 алуминиумски корпички наполнете ги малку помалку од половина со чоколадото. Ротирајте ги за сите страни да бидат убаво прикриени со чоколадо. Вишокот чоколадо вратете го во садот.
  3. Превртете ги корпичките наопаку и ставете ги во фрижидер околу 30 минути.
  4. 150 грама малини и 50 грама шеќер ставете ги во тенџере и гответе ги на умерена температура. Дозволете да почне да врие и гответе уште 5-10 минути. Пирето од малини процедете го на цедалка за да ги отстраните семките и тргнете го настрана.
  5. 200 грама чоколадо стопете го на пареа. Откога ќе се стопи, додајте го процеденото пире од малини и убаво промешајте
  6. 300 грама хопла ставете во еден сад и матете со електричен миксер додека не се формира шлаг.
  7. Стопеното чоколадо со малини ставете го во изматениот шлаг и убаво соединете ги со шпатула.
  8. Извадете ги алуминиумските корпички со чоколадо од фрижидер и внимателно извадете го чоколадото (засечете ги малку калапчињата за полесно да можете да ги извадите).
  9. Чоколадните корпички наполнете ги со чоколадниот фил и ставете ги во фрижидер околу 2 часа.
  10. Извадете ги од фрижидер, наредете свежи малини на површината, поросете со малку шеќер во прав и послужете.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: