Рецепти
Двобоен колач со вишни Ана Ѓорова

Овошен колач што се подготвува едноставно, а ќе ве изненади со комбинацијата вкусови

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Компот од вишни(750 Грама)

Маргарин(250 Грама)

Шеќер(200 Грама)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Сол

Јајце(5 )

Брашно(350 Грама)

Прашок за печиво(1 Пакување)

Ракија(или ликер од вишни 5 лажички )

Какао(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Компотот од вишни исцедете го, па ако имаат вишните семки – извадете им ги. Може да употребите и свежи вишни.
  2. Маргаринот пенасто изматете го со миксер на најсилна брзина, па постепено додавајте го шеќерот, ванилиниот шеќер, сол и ракијата (вишновача).
  3. Додајте ги едно по едно јајцата – секое матете го по 1/2 минута.
  4. Брашното измешајте го со печивото и постепено измешајте го со смесата од јајцата.
  5. Така добиената смеса поделете ја на два дела.
  6. Во првиот дел измешајте какао.
  7. Тава со димензии 25х35 см обложете ја со намастена хартија за печење, па во него претурете ја смесата со какаото.
  8. Добро израмнете, па врз неа нанесете ја жолтата смеса.
  9. Одозгора распоредете ги вишните, па ставете ја тавата во загреана рерна.
  10. Печете на 180°C околу 35 минути.
  11. Оставете го колачот да се олади, па исечете го на коцки.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: