Рецепти
Германски крофни со прелив од манго Ана Ѓорова

Крофни полнети со фил од слатка павлака, со прелив од свежо манго

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(280 Грама)

Квасец(15 Грама)

Млеко(120 Грама)

Шеќер(30 Грама)

Путер(30 Грама)

Жолчка од јајце(2 )

Рум(10 Милилитри)

Слатка павлака(130 Милилитри)

Шеќер во прав(30 Грама)

Масло(околу 1/2 литар за пржење на крофните )

Сол(1 Прстофат)

Манго(1 )

Шеќер(40 Грама)

Екстракт од ванила

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути + 1 час за тестото

  1. Квасецот растопете го во млакото млеко и оставете го да стаса околу 10-тина минути.
  2. Потоа во еден сад измешајте го брашното со стасаниот квасец и млекото, па додајте го растопениот путер, жолчките од јајце, сол и рум.
  3. Од состојките замесете тесто и оставете го да отстои 20 минути, па расукајте го и исечете кругови со чаша.
  4. Круговите оставете ги да нараснат 30 минути во еден плех, малку набрашнет, покриени со влажна крпа.
  5. Пржете ги крофните во поголема количина загреано масло, вртејќи ги само еднаш, додека добијат убава златнокафена боја.
  6. Пржените крофни вадете ги врз салфетка за да се исцедат од маснотијата и оставете ги да се оладат.
  7. Кога ќе бидат оладени, полнете ги со матена слатка павлака, засладена со малку шеќер во прав.
  8. Мангото излупете го и исечкајте го на парчиња, па изблендирајте го со 40 г шеќер и со екстрактот од ванила.
  9. Крофните сервирајте ги со преливот од манго, одозгора наросени со шеќер во прав.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: