Рецепти
Мек какао колач Ана Ѓорова

Мек, сочен и млечен какао колач за вистинките љубители на чоколадниот вкус

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(85 Грама)

Какао(65 Грама)

Јајце(5 средни )

Шеќер(200 Грама)

Путер(165 Грама)

Млеко(660 Грама)

Вода(1 Супена лажица)

Свеж сок од лимон(1 Кафена лажица)

Сол(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

  1. Во тенџере растопете го путерот и оставете го да се олади.
  2. Во друго тенџере стоплете го млекото, но не го зовривајте.
  3. Одвојте ги белките од жолчките; првите тргнете ги настрана, а жолчките пенасто со миксер изматете ги со шеќерот.
  4. Во садот со жолчки додајте ги водата и млакиот путер. Мешајте со жица за матење и постепено додавајте го брашното.
  5. Потоа додајте го и какаото, продолжете со матење, па постепено додавајте го млакото млеко.  Мешајте убаво да нема грутки. Треба да добиете доста течна смеса.
  6. Настрана пенасто изматете ги белките со прстофат сол. Кога ќе се направи пена, додајте ги оцетот (или сокот од лимон), па продолжете со матење уште неколку минути. Белките не треба да се матат во цврст снег, но треба да бидат доста меки.
  7. Смесата со белки постепено полека мешајќи додавајте ја во смесата со какаото.
  8. Кога добро ќе се соедини смесата, претурете ја во четвртаст плех со намастена хартија за печење и печете го колачот во веќе загреана рерна на 150°C околу 80 минути.
  9. Кога колачот ќе се испече, оставете го да се олади целосно, па посипете го со какао и исечете го на парчиња.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: