Рецепти
Еврејски колач Ана Ѓорова

Богат колач со три вида филови од афион, рендани јаболки и ореви што одлично оди со шолја чај или кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(600 Грама)

Жолчка од јајце(3 )

Млеко(600 Милилитри)

Квасец(1/2 свеж )

Маргарин(150 Грама)

Шеќер(400 Грама)

Афион(мелен 300 грама )

Мед(2 Супени лажици)

Мелени ореви(300 Грама)

Мармалад од кајсии(300 Грама)

Јаболко(1 Килограм)

Цимет(1 ќесичка )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

  1. Во длабок сад ставете ги свежиот квасец, 1 лажица шеќер и 70 мл млеко. Мешајте со лажица да се растопи квасецот, па додајте ги брашното, 180 мл млеко и маргаринот.
  2. Додајте ги и жолчките, па со рака замесете меко и мазно тесто. Поделете го на 5 еднакви дела и оставете ги да стасуваат.
  3. Во тенџере на оган ставете 200 мл млеко, мелениот афион, 150 г шеќер и медот. Мешајте со лажица и варете додека филот ја добие потребната густина.
  4. Во друго тенџере на оган ставете 150 мл млеко, мелените ореви и 100 г шеќер, варете и мешајте со лажица додека и овој фил се згусне.
  5. Јаболките излупете ги и изрендајте ги крупно, па ставете ги во трето тенџере на оган заедно со 150 г шеќер и мешајте со лажица. Откако течноста од јаболките ќе испари, тргнете го тенџерето од оган и во него измешајте го циметот.
  6. На набрашнета работна маса од првото парче стасано тесто развлечете правоаголна кора, ставете ја во правоаголна тава за печење претходно намастена со маргарин и премачкајте ја со филот од рендани јаболки.
  7. Потоа расукајте ја втората кора, ставете ја во тавата и премачкајте ја со филот од афион.
  8. Врз тоа ставете ја третата кора и филувајте ја со вториот фил.
  9. Прекријте со четвртата кора, премачкајте ја со 150 г мармалад и прекријте со петтата кора.
  10. Печете го колачот во рерна на 190 степени, 60 минути.
  11. Печениот колач премачкајте го со преостанатиот мармалад и наросете го со сечкани или мелени ореви или со шеќер во прав.
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Торта фантазија
Чоколадни кроасани
Филе Велингтон
Највкусни крофни
Руски колач со афион
Печен ролат од свинско каре
Еврејски колач
Торта со слатко од зелени смокви
Чоколадна торта со суви сливи, урми и ореви
Мустаќи торта
Лиснати погачки
Флија
Француски крем кроасани
Крцкав стек со палента
Козињак со мармалад
Велигденска корпа
Пита со чаен колбас
Ролни со цимет
Тортелини со тиква
Визитарки (посно)
Спонзор торта
Какао торта со фил од чоколадо
Влашка пита
Мини пити со спанаќ и сирење
Свинска пача
Кростата од кајсии
Домашен леб
Полнет венец

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: