Рецепти
Колач со јаболки и бадеми Ана Ѓорова

Сочен колач со јаболки, бадеми и крем од цимет и слатка павлака за вистинско уживање

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јаболко(5 )

Бадеми(лупени 100 грама )

Брашно(250 Грама)

Шеќер(150 Грама)

Маргарин(125 Грама)

Бело суво грозје(80 Грама)

Јајце(2 )

Слатка павлака(500 Милилитри)

Цимет(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Сувото грозје потопете го во сад со 50-тина мл млака вода и оставете го да отстои.
  2. Во друг сад ставете ги брашното, маргаринот, 70 г шеќер и 1 јајце, па смесата замесете ја со рака.
  3. Продолжете да го месите тестото на работната маса додека да стане мазно, па со сукало развлечете кора.
  4. Ставете ја кората во тркалезна тава за печење намастена со маргарин и набрашнета.
  5. Јаболките излупете ги и отстранете им ги рачките и семките, па исечкајте ги на тенки парчиња. Наредете ги врз кората во тавата и врз нив нанесете го омекнатото суво грозје.
  6. Со миксер изматете 80 г шеќер и преостанатото јајце додека шеќерот се растопи.
  7. Додајте ги слатката павлака и циметот и матете додека кремот ја добие потребната густина.
  8. Нанесете го кремот во тавата, па одозгора целиот крем наросете го со бадеми исечкани на листови.
  9. Колачот печете го во рерна на 200 степени, 30-тина минути.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: