Рецепти
Колач со суво грозје и јаболки
Лесен и вкусен колач за подигнување на расположението кој ќе сакате повторно да го подготвите!
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Путер(250 Грама)
Јаболко(3 )
Шеќер(400 Грама)
Јајце(2 )
Брашно(350 Грама)
Сода бикарбона(1 Кафена лажица)
Прашок за печиво(1 Кафена лажица)
Цимет(3 Супени лажици)
Суво грозје(150 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути
- Во подлабок сад се става омекнатиот путер, потоа се додава шеќерот и убаво се матат.
- Јаболките се мијат и се лупат, па се сечкаат на ситни коцкички.
- Во садот со путерот се додаваат јајцата и се мешаат, па се додаваат брашното измешано со прашакот за печиво, сода бикарбоната и циметот. Се промешува убаво.
- На крајот се додаваат и јаболките и сувото грозје и убаво се меша за да се изедначи смесата.
- Смесата се истура во набрашнета и подмачкана тркалезна тепсија и се пече во загреана рерна на 200-220 степени околу 80 минути.
- Откако колачот ќе се испече, се остава да се излади и одозгора се наросува со шеќер во прав и се сече по желба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во