Рецепти
Корејска чорба со тофу Ана Ѓорова

Азиски рецепт за зачинета чорба од говедско месо и тофу сирење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Масло(1 Супена лажица)

Млад кромид(4 страка )

Лук(4 Чешниња)

Говедско месо(170 Грама)

Шитаке печурки(225 Грама)

Соја сос(1 Супена лажица)

Пилешка супа(или говедска 4-5 Чаши)

Црвен пипер(1-4 Кафени лажици)

Соино сирење (Тофу)(300-400 Грама)

Јајце(1-2 )

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во тенџере на умерен оган загрејте лажица масло, па додајте го белиот дел од исечканиот млад кромид (може и стар кромид) и пропржете го со мешање.
  2. Говедското месо исечете го на тенки парчиња и ставете го да се пропржи со кромидот додека добие златнокафена боја.
  3. Додајте ги сечканите печурки и лук, зачинете со сол и бибер и пржете уште неколку минути.
  4. Додајте ја супата и соја сосот и зовријте ја.
  5. Зачинете со црвен пипер (подобро со паста од црвен пипер) и додајте го тофу сирењето, исечено на коцки, па варете ја чорбата на тивок оган покриена со капак околу 10-15 минути.
  6. Потоа тргнете го тенџерето од оган, скршете 1-2 јајца во чорбата и полека промешајте.
  7. Послужете ја чорбата гарнинана со зелените парчиња исечкан свеж млад кромид.
Пилешко со брокули и соја сос
Пикантно пилешко во слатко-кисел сос
Полнети ролнички со месо и зеленчук
Филипински лумпии
Пилешко на индиски начин
Пилешки крилца со сусам
Оризова каша
Пилешко со нудлс
Харусаме со свинско месо
Корејска чорба со тофу
Палачинки со млад кромид
Суши Нори
Кинеско свинско со ананас
Салата од печен наут со кељ
Кинески погачки (посно)
Чанамасала
Златно млеко
Зелка салата со сусам и ѓумбир
Говедско месо на монголски начин
Ориз со печурки
Пападичад
Малајтика
Пржено пилешко со киви
Теријаки сос
Тајландска супа од кокос и пилешко месо
Свинско филе на индонезиски начин
Баба гануш (хроно)
Индиски леб
Пудинг од моркови
Слатко-кисели пилешки топчиња

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: