Рецепти
Козињак со суво грозје и ореви
Интересен начин на подготовка на традиционалниот козињак
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Млеко(200 Милилитри)
Вода(15 Милилитри)
Квасец во прав(2,5 Грама)
Жолчка од јајце(5 )
Јајце(1 )
Маслиново масло(20 Грама)
Путер(20 Грама)
Мед(20 Грама)
Екстракт од ванила(5 Грама)
Лимон(1/2 )
Брашно(400 Грама)
Интегрално пченично брашно(100 Грама)
Сол(5 Грама)
Суво грозје(85 Грама)
Рум(15 Милилитри)
Чај од лимон(120 Милилитри)
Сечкани ореви(85 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
Тесто (подгответе го претходната вечер и оставете го да отстои):
- Водата и млекото ставете ги во длабок сад, додајте го сувиот квасец и матете кратко со миксер. Потоа додавајте ги 3-те жолчки, едно јајце, 20 мл масло, 20 г омекнат путер, медот, ренданата кора од лимон и екстрактот од ванила, па продолжете со матење уште кратко.
- Додајте го брашното и солта, навлажнете ги дланките и замесете тесто. Покријте го со крпа и оставете го 10 минути на собна температура.
- Ставете го тестото на набрашнета површина и замесете го уште малку. Додавајте уште брашно по потреба.
- Повторно размесеното тесто формирајте го во топка, ставете го во пластичен сад, затворете го и прекријте го со проѕирна фолија, па оставете го да одмара преку ноќ.
Фил:
- Утредента, сувото грозје измешајте го со румот (може и амарето или друг ликер по желба). Измешајте и додајте го чајот, па оставете го сувото грозје да отстои.
- Оревите ставете ги во тава на оган без масло и кратко потпечете ги, протресувајќи ја тавата често.
Финална постапка:
- Поделете го тестото на три еднакви дела и расукајте ги деловите на набрашнета површина.
- Филувајте ги со сечканите потпечени ореви и со исцеденото суво грозје.
- Секој дел свиткајте го во ролат, па сплетете плетенка од трите дела.
- Со миксер изматете 1 жолчка и премачкајте го козињакот со неа. Оставете го тестото да отстои на собна температура да стасува (1-2 часа).
- Загрејте ја рерната на 180 степени, козињакот повторно премачкајте го со жолчка и наросете го со афион. Печете го околу 40 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во