Рецепти
Крем супа од печено цвекло Ана Ѓорова

Традиционална полска супа која е превкусен, а исто така и здрав оброк! Сирењето и сончогледот ѝ даваат уште поубав вкус и арома.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Цвекло(2 средни )

Кромид(1/2 Главица)

Путер(1-2 Супени лажици)

Пилешка супа(500-700 Милилитри)

Сол

Бибер

Козјо сирење

Сончоглед

Масло од тиква

Копар

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Цвеклото добро се мие, се сечат дршките, се витка во алуминиумска фолија и се пече околу 1 и пол час во рерна на температура од 160 степени (по околу еден час со чепкалка проверете дали е добро испечено-треба да биде доста омекнато).
  2. Откако цвеклото ќе се испече, се сече на половина и се отстранува лушпата.
  3. Кромидот ситно се сечка и се пржи во тенџере на растопен путер додека добие убава светлокафена боја. Потоа се додава печеното цвекло и убаво се пасира.
  4. Во друг сад се вари пилешка супа и откако ќе се свари се остава настрана целосно да се олади. Може да ја ставите во фрижидер кога ќе биде млака за добро да се олади.
  5. Оладената супа се става во тенџерето со цвеклото и кромидот, се остава уште малку да се вари и потоа се блендира со рачен миксер додека се добие убава, кремаста смеса.
  6. На крај се посолува, се додава бибер, се меша и се послужува во чинија. Чинијата се декорира со масло од тиква, семки од сончоглед, копар и дробено козјо сирење.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: